Monday, December 2, 2013

Неколку интересни факти за интернетот


Денес речиси и да не постои човек кој барем еднаш во својот живот не бил во допир со интернетот, на кој било начин. Но не пред многу далечно време, интернетот беше сосема поинаков феномен од тој денес.
Првата е-mail порака била пратена во далечната 1971 година од страна на Рој Томлинсон, кој всушност си ја пратил сам на себе.
Првата интернет страница всушност била објаснување за што е тоа World Wide Web, и е објавена во 1991 година. Интернет страницата била http://info.cern.ch/hypertext/WWW/TheProject.html , на која може уште да се види што било напишано.
Првата реченица која била кажана на Skype била на естонски јазик и гласела: „Ало, дали ме слушаш?“. Воедно, оваа реченица е можеби и најупотребувана на овој сервис. 
Првото смајли било употребено во далечната 1979, кое било -) , за подоцна да се измени во :-) што секако повеќе личи на нешто.
Првата веб-камера била употребена на универзитетот во Кембриџ која била насочена кон еден сад со кафе, за да вработени може да видат од компјутерот дали има кафе, без да одат до него без причина.

0 comments:

Post a Comment