Monday, December 2, 2013

Неколку интересни факти за интернетот


Денес речиси и да не постои човек кој барем еднаш во својот живот не бил во допир со интернетот, на кој било начин. Но не пред многу далечно време, интернетот беше сосема поинаков феномен од тој денес.
Првата е-mail порака била пратена во далечната 1971 година од страна на Рој Томлинсон, кој всушност си ја пратил сам на себе.
Првата интернет страница всушност била објаснување за што е тоа World Wide Web, и е објавена во 1991 година. Интернет страницата била http://info.cern.ch/hypertext/WWW/TheProject.html , на која може уште да се види што било напишано.
Првата реченица која била кажана на Skype била на естонски јазик и гласела: „Ало, дали ме слушаш?“. Воедно, оваа реченица е можеби и најупотребувана на овој сервис. 
Првото смајли било употребено во далечната 1979, кое било -) , за подоцна да се измени во :-) што секако повеќе личи на нешто.
Првата веб-камера била употребена на универзитетот во Кембриџ која била насочена кон еден сад со кафе, за да вработени може да видат од компјутерот дали има кафе, без да одат до него без причина.

Friday, November 22, 2013

Видови на поврзување на интернет

      Поврзувањето најчесто се врши преку посредник така наречен провајдер. Тоа е фирма која обезбедува интернет така што корисникот го поврзува со другите провајдери, од другите земји од светот. Провајдерот располага со брз сервер и со специјална опрема, а за своите услуги наплаќа од корисниците. Корисникот е потребно да си купи IP адреса односно корисничко име и лозинка со кои ќе можат да се поврзат на интернет. Во Македонија постојат неколку провајдери едни од нив се МТ-нет , Он-нет , Неотел, Телекабел, Кејблтел и многу други.
        



Историја на интернетот

 Интернет(анг. Internet или the Net) е јавно достапен (систем) на меѓусебно поврзани компјутерски мрежи од целиот (свет), кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество протоколи означено како (TCP/IP). 
Корените на интернет се во ARPANET, американска одбранбена мрежа создадена во 1969 година. 
Првата TCP/IP мрежа направена на 1 јануари 1983 така што овој датум е земен за создавањето на интернетот.